МВР

МВР: 125 санкционирани возачи во Скопје

22.11.2023 08:43

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.