Во Скопје неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот
Во Скопје, Столтенберг ќе претседава со неформалниот Самит на земјите-членки на Алијансата од регионот. На маса Западен Балкан и безбедносните прашања...

Во Скопје, генералниот секретар на НАТО Столтенберг ќе претседава со состанокот на земјите-членки на Алијансата од регионот. На денешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.
На средбите со државниот врв и пред пратениците, посочи дека руско влијание во регионот има, но нема капацитет за дестабилизација. Исходот од декемврискиот Самит на ЕУ зависи само од нас, односно од тоа дали опозицијата ќе се надмине себе си за усвојување на уставните измени, изјави премиерот Ковачевски.
Освен со премиерот, Столтенберг се сретна и со спикерот Џафери и со претседателот Пендаровски. На средбата во вилата Водно разговарале за идната соработка, регионалните безбедносни прашања и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток.
