Уставниот суд домаќин на Регионална конференција на која ќе се промовирa уставната жалба
Конференцијата се одржува со поддршка од германската фондација ИРЗ чии претставници ќе ја објават студијата за уставна жалба, којашто е изработена од експерти од Германија...

Уставниот суд денеска е домаќин на Регионална конференција на која ќе се дискутира за промовирање на уставната жалба, како најзначајно средство за заштита на основните права во Република Северна Македонија.
Конференцијата се одржува со поддршка од германската фондација ИРЗ чии претставници ќе ја објават студијата за уставна жалба, којашто е изработена од експерти од Германија.
На конференцијата ќе присуствуваат претседатели и судии од уставните судови од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и професори/поранешни судии од германски судови.
На отворањето на конференцијата покрај претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија Добрила Кацарска, ќе се обратат и претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за правда Кренар Лога и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер.
