МВР: 152 санкции за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 152 возачи.
Од нив, информираат од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
