Северна Кореја

Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит

22.11.2023 11:22

Јужнокорејските власти соопштија, дека најновиот обид за лансирање најверојатно вклучува техничка помош од Москва, како дел од партнерство во кое Северна Кореја, испратила милиони артилериски гранати во Русија.

Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018 година, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит. Јужнокорејските власти соопштија, дека најновиот обид за лансирање најверојатно вклучува техничка помош од Москва, како дел од партнерство во кое Северна Кореја, испратила милиони артилериски гранати во Русија.

„Лансирањето е јасно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која и забранува на Северна Кореја да истрелува балистички ракети и да спроведува акции коишто се закана за нашата национална безбедност. Мерката на владата и Министерството за одбрана е неопходна за да се заштитат животите и безбедноста на јужнокорејските луѓе од севернокорејските нуклеарни закани и разни провокации“, изјави Хео Тае-кеун-заменик министер за национална одбранбена политика на Јужна Кореја.

„Од изминатата година, Северна Кореја постојано лансираше балистичка ракетна технологија со невидена брзина и ние признаваме дека таа брзо ја подобрува својата технологија и оперативни способности поврзани со ракетите. Повторените лансирања на Пјонгјанг со користење на технологија на балистички ракети се целосно неприфатливи“, изјави Хироказу Мацуно-јапонски главен секретар на кабинетот.