Руско - украински конфликт
Меѓусебните напади со беспилотни летала меѓу Киев и Москва
22.11.2023 11:31
Украинската воздушна одбрана соборила 14 беспилотни летала „Шахед“, за кои велат дека биле лансирани од руските сили...

Продолжуваат меѓусебните напади со беспилотни летала меѓу Киев и Москва. Украинската воздушна одбрана соборила 14 беспилотни летала „Шахед“, за кои велат дека биле лансирани од руските сили.
Нападите биле насочени кон централните, југоисточните и западните региони на Украина. Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над територијата на Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.
