мвр

Приведена жена од гостиварско, украдените пари и накит се пронајдени и вратени на сопственичката

22.11.2023 11:36

Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит...

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М. Р од ова село. Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит.

Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М.Р. ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.