Култура
Изложба „Музејот – Кустос на градот“ во Музеј на Град Скопје
22.11.2023 13:00
Изложбата „Музејот – Кустос на градот“ хронолошки го претставува историскиот и културниот развој на градот Скопје...

Отворање на постојаната поставка „МУЗЕЈОТ – КУСТОС НА ГРАДОТ“, на 24 ноември 2023 година во 19. 30 ч. во Музејот на град Скопје. Изложбата „Музејот – Кустос на градот“ хронолошки го претставува историскиот и културниот развој на градот Скопје.
Богатото културно наследство на градот е раскажано преку музејски предмети, фотографии, документи и макети, почнувајќи од периодот на неолитот, железното време, раната антика, римскиот период, средниот век, османлискиот период, 19 век, 20 век па се до денес.
Фото: Музеј на Град Скопје
