Потврда на „Мој термин“ преку СМС порака
Од 16-ти декември пациентите ...

Од 16-ти декември здравствените институции преку СМС пораки ќе ги потсетуваат пациентите 2 дена пред закажаниот термин дека треба да дојдат навреме. Но, доколку пациентите треба да го откажат терминот, пожелно е тоа да го направат еден ден порано, иако Министерството дава еден час пред терминот
Откажувањето можат да го направат на телефонскиот број 144- 149 , но ќе можат да појдат и кај матичниот лекар и да презакажат.Во пораката треба да се напише бројот на упатот, името и презимето и терминот. Целта на ваквата комуникација,што ја плаќа министерството,е да се намалат нереалните листи на чекање- полна програма а празна ординација.Тимот од Министерството за здравство открил дека 2000 термини пропаднале поради ненајавени отсуства.
,, Докторот е таму,времето е резервирано,пациентот не дошол, а за сметка на тоа друг пациент чека еден,два или повеќе денови за да добие конкретен термин “ вели -министерот за здравство Никола Тодоров
Преку СМС и лекарите ќе се известуваат кои пациенти ги чекаат утредента и за што треба да се подготват.Пациентите се уште во дилеми.
Иако се уште нема прецизна статистика за што се чека најмногу барем се знае кои услуги се најчести ,а кои доктори се најбарани.
Соња Стојановска
