Променливото време шок за организмот

02.06.2014 15:43

Хронично болните се први на удар. Лекарите ги советуваат да бидат претпазливи...

Срцев или мозочен удар, совети, 100 интервенции дневно во Скопје и околината од итната медицинска помош. Променливото време, ниска утринска, а висока дневна температура се шок за организмот. Интервенциите се во рамките на нормалата, но доколку нагло се покачи температурата може да се очеку зголемен број повици.

„Како група што најмногу ги чувствуваат овие температурни разлики се хронично болните пациенти кои со причина ги чувствуваат промените на времето со малаксаност, вртоглавици, замор“, вели д-р Оливер Алексов.

Хронично болните се први на удар. Лекарите ги советуваат да бидат претпазливи.

„Се чувствува, повеќе болат коските, реума, вртоглавица се чувствува...Лично врз мене не влијае не сум метеопат, иако слушам на работа колеги, пријатели дека влијае на главоболки, висок притисок...Проблематично, со главоболки, ми се спие повеќе, времето ни влијае лошо...“, велат случајно анкетираните граѓани.

Температурната разлика влијае и на расположението.

Редовно земајте ја потребната терапија и доколку почуствувате изнемоштеност побарајте помош, ги советуваат лекарите хронично болните кои што најмногу страдаат од промената на надворешната температура.

 

Андријана Атанасовска