Пожар во фабрика за бои и лакови во тетовско
Како што соопштуваат од ЦУК, координирана е помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Пожар избувна во фабрика за бои и лакови во близина на тетовското село Фалише. Во гаснењето на пожарот веднаш интервенирале пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица.
Како што соопштуваат од ЦУК, координирана е помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
Побаран е и ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент, додаваат од ЦУК.
Засега нема информации за повредени лица.
