Дебата за подобро управување со јавната администрација по забелешките од ЕК
Низа забелешки од Европската комисија за работа на јавната администрација и бавната процедура за носење на законите поврзани со неа. Дали честите промени на високите функционери се причина за слабата оценка од Брисел? Институциите им припаѓаат на граѓаните и тие постојат со примарна цел да одговорат на нивните потреби, истакна вицепремиерката Грковска на дебата посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација...

Честите промени на високите функционери во власта влијаат на лошите оценки од Брисел за ефикасноста на администрацијата и бавната процедура за носење на законите, вели вицепремиерката Грковска. Наскоро очекува пратениците да ги изгласаат за да се надминат проблемите нотирани во извештајот за напредокот. Ги предупредува институциите да не ги злоупотребуваат официјалните интернет страници во која било политичка конотација. Истражните органи имаат обврска да постапат.
Институциите им припаѓаат на граѓаните и според нивните потреби имаат одговорност да ги спроведуваат политиките и решенијата. Потребни се непристрасни, квалитетни и транспарентни услуги, и менување на институционалната култура.
Ќе има нов метод за планирање и следење на јавните политики.
Сите податоци кои ги поседуваат институциите им припаѓаат на граѓаните, а не на институциите. Градење функционални институции значи исполнување на потребните стандарди на Европската унија.
Ана Јосифоска Тодоровска
