Косово

Активирана рачна бомба на сточен пазар во Призрен

22.11.2023 14:27

Косовската полиција соопшти дека за инцидентот се осомничени три лица, по кои сè уште се трага...

Десет лица се повредени при експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен. Петмина од повредените се со посериозни повреди и хоспитализирани.

Косовската полиција соопшти дека за инцидентот се осомничени три лица, по кои сè уште се трага. Сè уште нема информации за мотивите.


.