Македонија

Свечена заклетва на 35 волонтери на Мировниот корпус во земјава

22.11.2023 15:03

Триесет и пет американски волонтери на Мировен корпус дадоа свечена заклетва дека ќе ја почитуваат службата во Македонија. Ќе се приклучат на група 800, веќе присутни во Мисијата, од отворањето на канцеларијата во државава…

Вокер Едвардс е еден од 35-те волонтери од Мировниот корпус, кои ќе живеат и служат во Македонија во наредните две години. Тој стана дел од групата 800 американски граѓани кои биле на волонтерска мисија во земјава.

Според амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Прајс Агелер, волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка го нуди на светот, а тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што Македонија го нуди на светот.

„Волонтерите градат мостови меѓу луѓето на нашите две држави кои траат со години и продолжуваат да постојат, дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба“, рече Агелер.

Во следниот период овие волонтери ќе бидат добредојдени во новите македонски домови и заедници и ќе започнат да работат во локалните училишта или невладините организации во кои се назначени.

Мировниот корпус е основан во 1996-та година а мисијата на волонтерите е да работат на зајакнување на мирот и подобро разбирање на луѓето од различните култури и традиции“.

Александра Спировска