Кацарска бара поддршка од сите политички чинители за воведување на уставната жалба
Поголема правна заштита на граѓаните со ефективна уставна тужба. Шефот на државата Пендаровски и претседателката на Уставен суд Кацарска, оценија дека се потребни суштински реформи во правосудниот систем...

За посеопфатна правна заштита на граѓаните, неопходно е да се воведе уставна жалба. Тоа подразбира можност луѓето да иницираат тужба пред Уставниот суд за заштита на поголем број права и слободи, за кои досега излезот го барале во меѓународните судови. За да постои ваква можност потребно е отворање на Уставот. Шефот на државата ја поддржа оваа иницијатива. Порача – проблемот на правната држава е клучен приоритет, а од спроведувањето на реформите ќе зависат многу процеси за развој.
Претседателката на Уставниот суд Кацарска се пожали на празните ветувања од политичарите за воведување уставна жалба. Вели иако бев оптимист, и по 2 и пол години од првите иницијативи, сè уште ништо.
Креаторот на студијата за Уставниот суд во нашата држава, Шуберт-посочи дека уставните жалби поднесени од граѓани може да имаат директен удел во заштитата од климатските услови. Тоа го поткрепи со одлука која ја донел Сојузниот уставен суд по жалба од приватно лице.
Уставната тужба ја имаат сите поранешни ЈУ земји. Споделени искуства кои говорат дека дури 95 насто од поднесоците биле по уставни жалби.
Наташа Гркова-Петрушевска
