Сторија

Осум часа потрага за помош откако куче касна дете

22.11.2023 17:09

Можеби не е вест, ако куче касне човек. Поголема вест е ако човек касне куче. Но, секогаш е првото. И, тогаш почнува вистинска голгота. Се бара помош од институција до институција за да се реши проблемот. Една од нив го нуди решението – најдете го кучето што каснало...

Ќерката на Лејла тргнала на училиште. Но наместо на настава, завршила во пет здравствени институции барајќи помош откако улично куче ја каснало за колено. Настанот се случил во близина до нивниот дом, во скопски Чаир. Траумата од каснувањето станала уште поголема, откако очајните мајка и ќерка морале осум часа да бараат спас на скопските клиники, од еден на друг лекар.

Лејла беше на место на несреќата, но таму не само што немаше глутница, немаше ниту едно куче.

Загрижена е бидејќи не знае дали кучето можеби носи некаква болест, нејзината ќерка има тетанус вакцина, но во државата нема вакцини против беснило.

Лејла вели не обвинувам никого, гласно зборувам за да слушнат надлежните, да не мора граѓаните во иднина да го преживуваат нашето патешествие.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски