Северна Кореја

Јужна Кореја суспендира дел од воениот договор потпишан со Пјонгјанг во 2018 година

22.11.2023 18:25

Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018-та и да го врати воздушниот надзор во областа во близина до воената демаркациска линија, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит...

Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018-та и да го врати воздушниот надзор во областа во близина до воената демаркациска линија, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит.

Според Сеул, најновиот обид за лансирање најверојатно е со техничка помош од Москва како дел од партнерство во кое Северна Кореја испратила милиони артилериски гранати во Русија. САД и Токио го осудија потегот. За Северна Кореја лансирањето е легитимно право на земјата да ги зајакне своите одбранбени способности.