Свет
Експлозија на границата меѓу Канада и САД, две лица загинаа
22.11.2023 21:33
Преминот „Мостот Виножито“ што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади е затворен од двете страни откако експлодира неидентификувано возило...

Преминот „Мостот Виножито“ што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади е затворен од двете страни откако експлодира неидентификувано возило.
Според извештајот, загинале две лица во возилото, а еден службеник на граничната патрола е повреден.
Истрагата за овој настан ја презеде Федералното истражно биро, кое потврди дека имало експлозија на границата меѓу САД и Канада.
