Временска прогноза

Променливо облачно и ветровито време

23.11.2023 08:11

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер.