Македонија

Две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија

23.11.2023 08:48

Истрагата е завршена, а главната причина е човечка грешка...

Денеска се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Се спасија само седум лица. Истрагата е завршена, а главната причина е човечка грешка.

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, а дозволената брзина била 90 километри на час. Автобусот се запалил за неколку минути.