Македонија
Сè уште активен пожарот во тетовско Фалише
23.11.2023 09:04
Тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ. Од Центарот за управување со кризи очекуваат пожарот да се изгасне во наредните неколку часа.

Пожарот во фабриката во тетовското селото Фалише под контрола, но сè уште гори во магацинот. Од огнената стихија изгореа 100 тони хемикалии и продавница за бои и лакови.
Тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ. Од Центарот за управување со кризи очекуваат пожарот да се изгасне во наредните неколку часа.
„Иако со значително намален обем сè уште има пламен и чад, пожарникарите продолжуваат со гаснење“, информираат од ЦУК.
Пожарот избувна вчера во 10:30 часот, а во гаснењето беа вклучени и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес.
