Конференција за климатските промени во Дубаи
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со својот долгогодишен партнер УНДП, денеска ќе ги презентираат очекувањата и позициите на државата за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, што од 30-ти ноември до 12-ти декември ќе се одржува во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

Како што најавија од Министерството за животна средина, на настанот ќе се обратат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за здравство Фатмир Меџити, како членови на државната делегација и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации Армен Григоријан.