На манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ ќе бидат доделени награди за новинари кои учествуваа на конкурсот
Во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје денеска, во фоајето на Национална опера и балет ќе бидат доделени награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“.

Доделени ќе бидат и наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница која се одржа по повод празникот ослободувањето на Скопје, на 13.11.2023 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.