Мрв
144 санкции за брзо возење
23.11.2023 10:23
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
