мвр

Претрес во Тетово, пронајден хероин

23.11.2023 10:57

Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна...

Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна. При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.