САД

Експлозијата на мостот „Виножито“ е предизвикана од невнимание

23.11.2023 11:56

Експлозијата на мостот „Виножито“ што ги поврзува САД и Канада кај водопадите „Нијагара“ е предизвикана од невнимателно возење-покажа првичната анализа од истрагата.

Експлозијата на мостот „Виножито“ што ги поврзува САД и Канада кај водопадите „Нијагара“ е предизвикана од невнимателно возење-покажа првичната анализа од истрагата. Во несреќата загинаа две лица кои се наоѓале во возилото кое се движело со огромна брзина и удрило во граничната станица.

Инцидентот го вклучи алармот и привремено ги затвори границите во двете земји бидејќи беше нејасно дали станува збор за планиран акт.

„Нема индикации, врз основа на какви било закани на интернет дека зад несреќата стои организирана група. Нe знаеме дали намерата на возачот била со умисла, но во овој момент, нема позната терористичка поврзаност“, изјави Кети Хочул - Њујорк.