Пожарот во тетовско Фалише локализиран, но не и ликвидиран
Пожарот во магацинот и продажниот салон во тетовско Фалише е локализиран, но не и целосно ликвидиран. Изминатава ноќ експлозии од боци го разгоруваа пожарот, но во текот на денот се очекува да биде ставен под контрола, велат од ТППЕ-Тетово. Аерозагадувањето во околината на опожарениот објект зголемено …

Магацин и продажен салон во урнатини облаци од густ чад кои се надвиснуваат над овој дел на тетовско е сликата кој зад себе го остави големиот пожар кој избувна вчера во објектот на „Евроком“ кај тетовско Фалише.
Експлозии од боци и бојлери го разгоруваа пожарот, во текот на изминатава ноќ но и утринава, вели командирот на Противпожарната единица Тетово, Авни Амети. Очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде ставен под целосна контрола.
Пожарите во објекти во тетовско зачестија вели командирот Амети. Нашата единица интервенира брзо, но фирмите немаат никаква противпожарна заштита, што резултира со големи последици.
Во околината околу опожарениот објект се чувствува големо аерозагадување. Апелите на здравствените работници до мештаните од овој дел на тетовско остануваат, да не излегуваа од дома без потреба. Центарот за јавно здравје пак веќе има земено мостри за испитување на исправноста на водата за пиење.
Зоран Димовски
