Израел

Неочекуван пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел

23.11.2023 12:28

Нема затишје додека не се финализира договорот-неочекуваниот пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел го остави светот во исчекување. Катар уверува-одложувањето не е поради несогласувања, наскоро ќе се знае точното време на прекин на огнот. Шефот на британската дипломатија во посета на Израел додека офанзивата во фаза продолжува.

Неочекуваниот пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел го остави светот во исчекување. Катар уверува-одложувањето не е поради несогласувања, туку подготовката на списокот на заложници за кои било потребно подолго време. Разговорите се во тек и прогресираат позитивно-вели медијаторот. Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерун во посета на Израел. Ја нагласи важноста од хуманитарната пауза во конфликтот.

„Се надеваме дека ќе ја видиме оваа хуманитарна пауза. Мислам дека тоа е важно бидејќи е можност да се извлечат заложниците и да се достави помошта. Би ги повикал сите вклучени во договорот тоа и да го направат“, изјави Дејвид Камерун - министер за надворешни работи на Велика Британија.

Семејствата на заложниците загрижени. Надежта постои, но стравот расте.

„Тоа е како ролеркостер. Гледате договор и се надевате дека е готово“, изјави Ејал Нури – внук на израелски заложник.

„Се разбира дека имам надеж, но тоа е многу тешко. Хамас рече дека ги немаат сите деца. Очигледно ги поделиле со исламски џихад. Сè уште не знам. Додека не ги видам со свои очи, додека не ги прегрнам, нема да верувам“, изјави Хадас Калдерон - мајка на Ерез и Сахар, заложници во Газа.

Израел ја продолжува офанзивата во Газа. Нападнати се 300 локации, командни центри, тунели и магацини со оружје на Хамас.

„Притисокот од копнената операција донесе можност да создадеме услови за ослободување на киднапираните заложници“, изјави генерал-полковник Херзи Халеви - началник на генералштабот на израелската војска.

Полека, но сигурно ја демонтираме воената рамка на терористите-претходно изјави Нетанјаху.

„Да го елиминираме Хамас и да гарантираме дека по него, Газа нема да биде контролирана од страна што го поддржува тероризмот“, изјави Бенјамин Нетанјаху - премиер на Израел.

Продолжува и прекуграничниот оган со Хезболах. По серија ракетни напади од либанска територија, Тел Авив одговори на ударот, и предупреди-она што се случува во газа може да се случи и во Либан. Хезболах соопшти дека син на висок пратеник е убиен во израелски напад.

 

Бојана Крстевски