Ковачевски: Средба во декември за дефинирање на сите детали околу изборите
Премиерот останува на ставот дека во мај има простор да се одржат редовни и претседателски и парламентарни, но посочи дека ќе зависи од консензусот меѓу политичките субјекти и договорите за Изборниот законик.

Во декември ќе има средба во Собранието со парламентарни партии на која ќе се дефинираат сите детали за одржување на изборите-вели премиерот Ковачевски. Останува на ставот дека во мај има простор да се одржат редовни и претседателски и парламентарни, но посочи дека ќе зависи од консензусот меѓу политичките субјекти и договорите за Изборниот законик.
„Декември нуди можност да се одржи една средба во Собранието на којашто ќе можеме да ги дефинираме сите детали во однос на изборите. Како што се правело во минатото ќе се направи и сега“, изјави денеска премиерот Ковачевски.
Во одговор на новинарско прашање додаде дека за многу кратко ќе имаме Изборен законик кој ќе ги вклучува забелешките на ОБСЕ/ ОДИХР, а кој ќе овозможи одржување на демократски избори.
