Разрешена обвинителката Вилма Русковска
Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја донесе одлуката, откако претходно на затворена седница го дискутирале предлогот на комисијата за дисциплинска постапка.

Поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, разрешена е од функцијата обвинител.
Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја донесе одлуката, откако претходно на затворена седница го дискутирале предлогот на комисијата за дисциплинска постапка.
„Едногласно е усвоен предлогот на Комисијата за разрешување на Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител“, констатира претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска.
Ваквата одлука на Советот на јавни обвинители следи откако Управата за финансиска полиција ја пријави за незаконски претрес, а Советот на јавни обвинители поведе дисциплинска постапка. Освен за Русковска, Советот поведе постапки за утврдување одговорност за уште две други обвинителки кои го вршеа претресот.
