Традиционалниот кинески празник Дуанву одбележан и во Македонија
Празникот се слави 2.000 години, според кинескиот лунарен календар на петтиот ден од петтиот месец и го означува почетокот на летото...

Кинезите го слават Дуанву, традиционален празник кој е одбележан и во Македонија од преставници на кинескиот институт „Конфуциј“ со празнична тепеза и многу кинески специјалитети.
Празникот се слави 2.000 години, според кинескиот лунарен календар на петтиот ден од петтиот месец и го означува почетокот на летото.
Во Македонија овој кинески празник се одбележува прва година, со предавање за значењето на празникот и со краток филм со најбитното јадење, пелмени со леплив ориз завиткани во бамбус и јајца.
Празникот е еден вид прочистување пред почетокот на летото. Директорот на Институтот „Конфуциј“, од кинеска страна Дек Ши Чонг, нагласи дека Дуанву е многу убав празник во Кина и дека јадењето леплив ориз и јајца е најинтересен дел од славењето за децата.
