Тенис

Ѓоковиќ: За доброто на тенисот се надевам дека Надал ќе се врати на терените

23.11.2023 14:35

Ѓоковиќ рекордна осма година завршува како светски рекет број еден.

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ изјави дека го смета Рафаел Надал за свој главен ривал и му посака брзо враќање на турнирите.

Се надевам, за доброто на тенискиот свет, дека ќе може да игра што е можно повеќе во текот на целата сезона. Не знам како се чувствува, но судејќи по неговите зборови, тој е подготвен да се врати и, можеби, ќе го направи тоа во Австралија, изјави Ѓоковиќ, пренесоа повеќе спортски медиуми.

Ѓоковиќ рекордна осма година завршува како светски рекет број еден.