Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024
12-те репрезентации се поделени во три групи, од кои по одигрувањето на полуфиналните и финалните натпревари, победниците ќе обезбедат настап на шампионатот.
Извршена ждрепката за бараж дуелите по кои ќе бидат познати последните три репрезентации кои ќе играат на ЕУРО 2024-та. Иако од претходно беа познати три пара, денеска беа одредени преостанатите три за полуфиналната рунда.
12-те репрезентации се поделени во три групи, од кои по одигрувањето на полуфиналните и финалните натпревари, победниците ќе обезбедат настап на шампионатот.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 21 март, а пет дена подоцна (26 март) и финалните дуели.
Победниците од овие бараж дуели ќе бидат сместени заедно со Италија, Србија, Швајцарија во последниот 4-ти „шешир“ во ждрепката за групите за ЕП што е закажана за 2 декември (сабота) во 18 часот.
Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.
БАРАЖ – ЗА ЕУРО 2024
Лига „А“ – полуфинале
ПОЛСКА (1) – ЕСТОНИЈА (4)
ВЕЛС (2) – ФИНСКА (3)
финале
Велс / Финска – Полска / Естонија
Лига „Б“ – полуфинале
ИЗРАЕЛ (1) – ИСЛАНД (4)
БИХ (2) – УКРАИНА (3)
финале
Босна и Херцеговина / Украина – Израел / Исланд
Лига „Ц“ – полуфинале
ГРУЗИЈА (1) – ЛУКСЕМБУРГ (4)
ГРЦИЈА (2) – КАЗАХСТАН (3)
финале
Грузија / Луксембург – Грција / Казахстан