Нема прекин на огнот меѓу Израел и Хамас додека не се финализира договорот
Нема затишје додека не се финализира договорот-неочекуваниот пресврт за пролонгирање на договорот меѓу Хамас и Израел го остави светот во исчекување. Шефот на британската дипломатија во посета на Израел додека офанзивата во фаза продолжува...

Примирјето за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас за размена на заложници треба да почне утре. Катар уверува дека одложувањето е поради подготовката на списоците на заложници кои го забавиле процесот. Шефот на британската дипломатија Камерун го посети Кибуцот Беери-местото на еден од најтешките масакри на Хамас на 7-ми октомври. Ја нагласи важноста од хуманитарната пауза во конфликтот.
Се надеваме дека ќе ја видиме оваа хуманитарна пауза. Тоа е важно за да се извлечат заложниците и да се достави помошта. Би ги повикал сите вклучени во договорот тоа и да го направат“, изјави Дејвид Кмерун – министер за надворешни работи на Велика Британија.
Неочекуваниот пресврт ги остави семејствата во исчекување.
„Тоа е како ролеркостер. Гледате договор и се надевате дека е готово“, изјави Ејал Нури, внук на израелски заложник.
„Се разбира дека имам надеж, но тоа е многу тешко. Сè уште не знам“, изјави Хадас Калдерон, мајка на Ерез и Сахар, заложници во Газа.
Во критичните часови, израелскиот претседател Херцог на состанок со премиерите на Белгија и Шпанија.
„Сакаме да им дадеме надеж на семејствата, да ги видиме сите како се враќаат дома. Но, за тоа, треба да се погрижиме Хамас да се придржува до строгите правила на договорот, а тоа се точните детали кои се дискутираат“, изјави Исак Херцог-претседател на Израел.
„Земањето невини заложници е воено злосторство, и тоа е нешто што не може да се прифати. Навистина се надевам дека денес е чекор напред за ослободување на невини луѓе“, изјави Александар Де Кро, премиер на Белгија.
Израел ја продолжува офанзивата во Газа. Нападнати се 300 локации, командни центри, тунели и магацини со оружје на Хамас.
„Притисокот од копнената операција донесе можност да создадеме услови за ослободување на киднапираните заложници“, изјави Генерал-полковник Херзи Халеви, началник на Генералштабот на израелската војска.
Директорот на болницата Ал-Шифа е приведен на распит по големиот број докази за присуството на Хамас во објектот. Од Министерството за здравство во Газа ја прекинуваат евакуацијата додека не добијат објаснување за потегот на Израел.
„Одлучивме целосно да ја прекинеме координацијата со СЗО за евакуација на останатите повредени и медицинските екипи додека не добиеме објаснување што се случило и ослободување на приведените“, изјави Д-р Ашраф Ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство во Газа.
Во истовреме, продолжува прекуграничниот оган со Хезболах. Серија ракетни напади од либанска територија кон Израел. Тел Авив одговора на ударот, предупреди-она што се случува во Газа може да се случи и во Либан.
Бојана Крстевски
