Политика

Во декември средба за изборите

23.11.2023 15:01

Во декември ќе има средба во Собранието со парламентарни партии на која ќе се дефинираат сите детали за одржување на изборите-вели премиерот Ковачевски. Го повтори ставот дека во мај има простор да се одржат редовни избори, и претседателски и парламентарни, но вели ќе зависат од консензусот меѓу политичките субјекти…

Наредниот месец, премиерот Ковачевски ќе свика средба со парламентарните партии во Собранието за одредување на датумот на претседателските и парламентарните избори. Истакна, пред крајот на овој парламентарен состав, пратениците ќе треба да ги изгласаат измените на Изборниот законик со вклучување на забелешките на ОБСЕ-ОДИХР.

Според Ковачевски, изборите, претседателски и парламентарни ќе бидат редовни во мај идната година.

Сè уште нема договор за заеднички настап на изборите со коалициските партнери. „Тоа е одлука на партиите и работа на коалициски договор, и засега не може да се зборува со сигурност за такво нешто“, вели премиерот.

Ирина Гелевска