Утревечер на МНТ Фест „Народен пратеник“
02.06.2014 16:34
Премиерата на претставата беше на 31 мај, а средствата од оваа изведба ќе бидат донирани за загрозените од поплавените подрачја во регионот...

Утревечер во рамките на првото издание на Меѓународниот театарски фестивал, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Саша Габриќ, на Народно позориште од Белград.
Премиерата на претставата беше на 31 мај, а средствата од оваа изведба ќе бидат донирани за загрозените од поплавените подрачја во регионот.
Режисерот Габриќ на денешната прс-конференција по повод претставата го изрази своето задоволство за поканата да учествуваат на овој Фестивал, а посебно и за тоа што, како што кажа, Македонскиот народен театар е тесно поврзан со Бранислав Нушиќ.
„Нас ни е посебно драго што после премиарата во Белград, ја имаме првата реприза во Македонија. Македонскиот наредон театар има голема поврзаност со Нушиќ и некако се поврза ова одбележување на 150 години од неговото раѓање според редоследот. Прво во Националниот театар во Белград кој е негов матичен театар и потоа претстава во Македонскиот театар кој ми се чини е исто така негов театар“, истакна Габриќ.
Според главната улога во претставата Борис Комнениќ, од ова дело на Нушиќ кое го напишал на 19 години, произлегуваат ликовите од скоро сите останати негови дела каде тој ги надоградувал, допишувал, дотерувал..., додаде дека претставата се игра после 44 години од последната изведба, за која, како што рече, е посебно горд.
