Македонија

Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири, пресудата закажана за 1-ви декември

23.11.2023 15:42

Мухамед Зекири во завршните зборови побара ослободителна пресуда. Рече дека обвинителката не го докажа обвинението...

Мухамед Зекири во завршните зборови побара ослободителна пресуда. Рече дека обвинителката не го докажа обвинението.

Објаснуваше дека постапил според заклучоците на Владата и дека тоа го потврдиле и сведоци. Обвинителката Коларевиќ побара да биде осуден за злоупотреба на службената положба и да му биде конфискуван имот за штетата што ја предизвикал со двата консултантски договори тешки над 1,3 милиони евра.

Според неа, тој ги пречекорил службените овластувања и наместо да спроведе јавна набавка незаконски склучил директни договори во двата случаи. Следниот петок Кривичниот суд ќе ја објави пресудата.