Ненадминлив родов јаз, само 30 посто од бизнисите во државава се раководени од жени
Работат рамо до рамо со мажите а се далеку помалку платени. Само 30 проценти од бизнисите во државава се раководени од жени. Да се надмине родовиот јаз и да се искористи нивниот капацитет за да се подобрат состојбите во економијата – апелираат од Националната платформа. Владата најави пари во буџетот за унапредување на женското претприемништво...

Жените водат само 30 проценти од бизнисите во државата, главно само мали компании. Помалку од 50 проценти се активни на пазарот на труд.
Жените во Македонија примаат за 17,5 проценти пониски плати за разлика од мажите. Според истражувањата потребно е да поминат сто години за ги достигнат.
Капацитетот на жените во бизнисот и раководење на институциите сè уште не е целосно искористен, потребни се едукација и намалување на родовиот јаз – вели Дисоска од Националната платформа на женското претприемништво.
Да се создадат соодветни мерки за да се подобри претприемништвото, да се вклучат што поголем број жени на раководни функции, да се искористи нивниот капацитет во креирање на политиките – апелираат од Сојузот на стопанските комори.
Лани за 34,2 проценти е зголемен бројот на компании управувани од жени.
Ана Јосифоска-Тодоровска
