Не е надминат проблемот со уличните кучиња
Скопјанката Лејла не мора да го најде кучето што ја каснало нејзината ќерка, случајот треба да го пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство во општината и надлежното прифатилиште. Активистите велат проблемот со кучињата ќе остане бидејќи надлежните институции се незаинтересирани да го решат проблемот. Во Собранието пратениците ќе пишуваат нов закон...

Се обврзува родителот да достави потврда од ветеринар од 24 до 48 часа за здравствената состојба на кучето и вакциналниот статус. Ова е препорака од здравствена установа за Лејла, мајка на девојче кое во вторникот изутрина беше каснато за колено од куче, во скопски Чаир. Од правната служба на ЈП Лајка велат дека ова е апсурдно.
Од Лајка објаснуваат, изворот на нови кучиња не се третира и нема решение. Активистите проценуваат дека само во Скопје има од 6.000 до 10.000 кучиња. Иако се задолжени општините немаат стационар.
Зајкова вели со нов закон ќе се бара решение на овој проблем.
Од Лајка велат не е проблем регулативата, проблем е спроведувањето во практика.
Сакајќи надлежните да ги слушнат проблемите на граѓаните и пред две недели МТВ објави на оваа тема во емисијата „Само Прашај“.
Наташа Јанчиќ-Менковски
