Ирска
Пет лица, меѓу кои три деца, избодени со нож во Даблин
23.11.2023 21:01
Пет лица, од кои три деца, се повредени во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин...

Пет лица, од кои три деца, се повредени во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин.
Нападот во ирската метропола се случил нешто околу 14 часот по локално време, а истрагата е сè уште во тек.
Едно од децата и жена се пренесени в болница и се во тешка состојба. Останатите тројца повредени – две деца и еден возрасен, се згрижени со полесни повреди.
Осомничениот за нападот е приведен. Мотивот за нападот сè уште не е утврден.
