Временска прогноза

Претежно облачно со појава на магла

24.11.2023 08:15

Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.