мвр

151 санкционирани возачи во Скопје, 18 за брзо возење

24.11.2023 08:52

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.