Протести на судската и обвинителската администација, Народниот правобранител и ФЗО
Вработените во судската и обвинителската администрација, како и вработените кај Народниот правобранител и Фондот за здравство, излегуваат на протест пред Владата...

Вработените во судската и обвинителската администрација, како и вработените кај Народниот правобранител и Фондот за здравство, излегуваат на протест пред Владата. Тие се револтирани поради платите, за кои велат дека се ниски. Веќе посочија дека ако државата остане глува на барањата, тие ќе престанат со работа.
До овие големи блокади доведе покачувањето на функционерските плати за 78%, по одлуката на Уставен суд, но и тоа што со новиот буџет не се предвидени пари за нивни покачувања. Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11 до 14 и 30 часот Единицата за безбедност при патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржувањето на протестите.
За таа цел, се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се протестира.
