Кампања и панел- дискусија

Почнува кампањата „Сложувалка“ за борба против насилството врз жените

24.11.2023 09:19

Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава денеска ќе го означат стартот на кампањата „Сложувалка“ по повод отпочнувањето на 16 дена активизам за борба против насилство врз жените.

Организаторите најавија дека на настанот во фоајето на Македонска опера и балет, обраќања ќе имаат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и координаторката на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља. Како што информираат од НСРР, панел-дискусијата чиј покровител е сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток од 11 часот.

Во неа ќе учествуваат претставници од релевантни државни институции, меѓународни организации и национални граѓански организации, а темата на дискусијата ќе биде во рамки на глобалната тема за 2023 година „Да се вложиме заедно, да го спречиме насилството врз жените и девојчињата“.