Фудбал – СП Бразил 2014

Селекторите решија!

02.06.2014 16:55

На 2 јуни или 10 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал е крајниот рок селекториоте на 32-те репрезентации да решат со кои состави ќе настапат во Бразил.

23-ца е доволно голема конкуренција, па некои селектори ризикуваат, но други сепак не остапуваат од принципите на мундијалот да играат само со максимално подготвени фудбалери. Повредите се најчестата причина за отсуство од Светското првенство, но Французинот Дешам не се откажа од Рибери кој и покрај болките во грбот ќе патува во Бразил.

Повредите на Лам, Швајнштајгер и на Нојер не се сериозни, па германскиот селектор Лев се насочи кон офанзивниот дел од репрезентацијата и денеска одлучи во него да има само еден класичен напаѓач, Клосе.

И стратегот на Русија, Капело најде место за недоволно опоравениот Широков, а од списокот испаднаа Чиришев и Могилеветс.

Ниту маларијата на Коло Туре не е причина селекторот на Брегот слонова коска, Ламуши да го отпише дефанзивецот. Само резервниот голман Гоху игра во домашното првенство, сите други „Слонови“ настапуваат во Европа.

Најпознатото име од петтемина за коишто нема место во камерунскиот состав на Финке е 35 годишниот ветеран Идрису.

И алжирскиот селектор Халихоџиќ на истекот на рокот реши кои двајца ќе отпаднат, па неговиот вкус не го задоволија Гедиура од Кристал Палас и Џебур од Нотингем Форест.

Скршеницата на ногата на Монтоливо ја осиромаши репрезентацијата на Италија во којато немаше место и за Роси. Предводникот Прандели вчера дефинитивно процени дека напаѓачот не успеа да влезе во ритам по долгата пауза.  

Еден од најдобрите чилеански фудбалери Видал навреме го оперираше коленото и е во составот на Сампаоли без разлика што доцни со тренажниот процес.

Неажурноста на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина директно влијаеше Зукановиќ да биде вишок на списОкот на Сушиќ. Дефанзивецот на Генк не доби американска виза, не е на подготовките во Соединетите Американски Држави, па нема да патува ниту во Бразил.

Проблеми немаше стратегот на Гана, Апиа кој од фудбалски причини им се заблагодари на непознатите за поширокиот фудбалски свет, Акаминко, Шмуп и Акам.

Селекторот на Иран, Кеирож на Светското првенство ќе носи шесторица напаѓачи, но не и стартерот во квалификациите Калатабри кој според него не е во форма.