Во Битола зголемен бројот на пациенти со вирусни заболувања
На инфективното одделение и интерниот оддел при битолската Клиничка болница, последните два месеци зголемен бројот на пациенти со вирусни заболувања но и регистрирани заразени со Ковид-19. Итните специјалистички прегледи во интерната амбуланта за минатиот месец изнесуваат 1.550, а на дневна болница месечно се водат од 120-150 пациенти.

Последниве два месеци драстично зголемен бројот пациенти од сите возрасни категории со вирусни заболувања на инфективното одделение и интерниот оддел. Доминираат класичните заразни заболувања, но не е за потценување и бројката на оние со Ковид-19. Ако во септември бил регистриран 21 случај, бројката во месец октомври се искачила на 36 Ковид инфицирани.
Само на инфективното одделение, месечно се вршат околу 500 прегледи а од 120-150 пациенти месечно примаат терапија во дневната болница.
Далеку поголема е гужвата во интерната амбуланта. Само минатиот месец биле извршени над 1.500 итни специјалистички прегледи.
Ковид пациентите, вели се сместуваат во посебни соби и се изолирани од останатите. Граѓаните пак со различни чувства за ваквата состојба.
Здравствените работници и овојпат со апел да се почитува превентивата и веднаш да се побара лекарска помош, штом се забележат симптомите на зголемена температура, голема омалаксаност или болки во телото.
Евентуално уште по зголемен бран, ќе направи уште поголем метеж, посебно во инфективното одделение кое располага само со двајца инфектолози.
Стевче Митревски
