Даблин

Хаос на улиците во Даблин, демонстранти се судрија со полицијата

24.11.2023 10:09

Запален полициски автомобили и два автобуса. Демонстрантите во Даблин се судрија со полицијата, откако на социјалните мрежи се прошири веста дека нападот со нож во центарот на градот го извршил странски државјанин

Хаос на улиците во Даблин. Демонстранти се судрија со полицијата, запалија полициски автомобил и два автобуса, откако на социјални мрежи се појавија непроверени информации дека напаѓачот кој повреди со нож три лица во градот е странски државјанин.

Шефот на полицијата ги осуди немирите во близина до местото на нападот и предупреди да не се шират „дезинформации“.

Две деца на возраст од 5 и 6 години и 50-годишен маж беа повредени во напад со нож во близина до училиште во центарот на Даблин. Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен и дека нападот не е извршен од терористички мотив.