МВР

Голема полициска акција во Струга

24.11.2023 10:44

Низ струшките улици забележително е големо присуство на припадници на специјалните единици на полицијата. Апсења има низ целиот град...

Голема полициска акција утрово се случува во Струга, каде според првичните информации уапсени се десетици лица.

Низ струшките улици забележително е големо присуство на припадници на специјалните единици на полицијата. Апсења има низ целиот град.

Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.