Во акцијата „Мрежа“ досега запленети половина тон различни наркотици

02.06.2014 17:01

Македонски и хрватски државјани дрогата ја добиле од албанско, па продолжиле да сеорганизираат на македонско тло...

Набавена и спакувана во Aлбанија, марихуаната ја пренесле во Mакедонија, во околината на Дебар. Македонски и хрватски државјани дрогата ја добиле од албанско, па продолжиле да сеорганизираат на македонско тло. Со „Крајслер војаџер“ со хрватски таблички сакале да ја  пренесат дрогата во Струга. Кај село Велешта биле запрени од полицијата.

„Во возилото, во подот на багажниот простор биле откриени три специјално направени бункери во кои се пронајдени 28 пакувања со растителна материја со зелена боја“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во домот на еден од осомничените биле пронајдени 17 пакувања со кокаин наменети за улична продажба.

Вештачењето покажало дека се работи за близу 23 килограми марихуана и неколку грама кокаин. Проценката е дека доколку се продаде на нарко пазарите дрогата би достигнала цена од 70 илјади евра, а тројно повеќе во малопродажба

Од почетокот на акцијата, во мрежата на МВР се фатени 80 лица. Притоа, од нив се запленети половина тон различни наркотици.

МВР поднесе кривични пријави проитв деветмина за недозволена трговија со дроги.

 

Фиљана Кока