Македонија

Вакцини против беснило нема, Министерството за здравство ќе набавува одредени количини

24.11.2023 12:04

Граѓаните да бидат спокојни, смируваат надлежните. Велат – сите случаи со каснувања од кучиња се следат – а пациентите добиваат индивидуален третман...

Вакцини против беснило нема, а веќе четири децении не е евидентирана ниту опасната болест. Од Инфективната клиника велат дека тоа е резултат на систематската профилакса кај животните.

Сепак, Министерството за здравство преку тендер ќе набавува одредени количества. Граѓаните да бидат спокојни, смируваат надлежните. Велат – сите случаи со каснувања од кучиња се следат – а пациентите добиваат индивидуален третман.

Најавата дека вакцините ќе бидат наскоро достапни, сепак не го амортизира стравот кај граѓаните кои се соочиле со непријатна случка. Активистите и натаму го адресираат проблемот, а решение во овој момент се чини – нема на повидок.

Општините иако се задолжени, немаат доволно стационари. Годишно, само во Скопје има околу 500 до 600 пријави од граѓани за каснувања од кучиња. Износите за обесштетување се движат во просек до 55 илјади денари.

Анита Димитријевска – Велковска